Потег за почит: Ејбар прими четири гола од Меси, па му се поклони на виртуозот (фото)

Лионел Меси приреди свое претпознатливо шоу во саботата, во дуелот против Ејбар, кој Барселона го доби со убедливи 5-0. Капитенот на Каталонците реализира четири од вкупно петте гола, а хет-трикот го оствари уште во првото полувреме.

За Меси тоа беше втор најбрз хет-трик во кариерата, го запиша од 14-тата до 40-тата минута и прекина пост од 398 минути без погодок во Ла Лига. Како што е традиција, Лео си ја зеде за дома топката со која го уништи Ејбар, а гостите по мечот преку твитер-профилот максимално искажаа почит кон аргентинскиот виртуоз.

„Поради тебе патиме, се обидовме да те спречиме, но ни остана да станеме и да ти аплаудираме“, пишува во посветата наменета за Меси.

- Оглас -

Најнови вести