Потер ги брои последните денови на „Стемфорд бриџ“, Сините веќе стапиле во контакт со Аргентинецот кој пет години го водеше градскиот ривал

Екипата на Челзи е најголемиот губитник сезонава во Премиер лигата, повеќе од извесно е дека ќе остане без пласман во Лигата на шампионите иако новиот сопственик, Тод Боли, потроши повеќе од 600 милиони евра за засилувања, а сметката ќе ја плати менаџерот Греам Потер.

Повеќе англиски медиуми објавија дека челниците на Челзи го контактирале поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино, кој е без ангажман откако минатата година доби отказ од ПСЖ.

Аргентинецот наводно ја одбил првата понуда да го наследи Потер на клупата на Челзи, но не ја отфрлил целосно можноста од следната сезона сепак да биде нов менаџер на Сините.

Англиските медиуми пишуваат дека Потер ја загубил довербата на сопственикот, а и навивачите сè погласно бараат тој да добие отказ уште сега и да не се чека крајот на сезоната.

Доколку Челзи не успее да ја елиминира Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите, тогаш Потер дефитивно ќе добие отказ. Првиот натпревар што се играше на „Сигнал Идуна парк“ заврши со триумф на Милионерите од 1:0.

- Оглас -

Најнови вести