Потфрли и западниот лидер: Портланд и Лилард незадржливи за Лејкерси (видео)

Стартот на плејофот донесе две изненадувања. Откако Милкови, најефикасниот тим од Истокот, загуби од Орландо во првата пресметка, потфрли и западниот лидер ЛА лејкерс во дуелот против Портланд. Блејзерси триуфмираа со 100:93 предводени од одличниот Демиен Лилард за водство во серијата.

Ѕвездата на Портланд ги натера Езерџиите од самиот старт на средбата да бркаат двоцифрена негатива. Лејкерси дури пред полувремето успеаја да се вратат во резултатски егал, а прв знак дека може да го спречат налетот на Портланд покажаа во клучната четвртина.

При резултат 87:81 во корист на Лејкерс, по една тројка погодија Меколум и Ентони враќајќи ја неизвесноста, две тројки уфрли Лилард, а за потврда на триумфот одличниот шутер го проигра Нуркиќ, кој со забивање на 16 секунди до крајот ги постави конечните 100:93.

Лилард предводеше со 34 поени и 6/13 реализација за три поени. Нуркиќ и Ентони со дабл-дабл од 16 поени и 15 скока, односно 10 поени и 11 скока исто така придонесоа за победата. За Лејкерси најефикасен беше Дејвис со 28 поени и 11 скока, Леброн залудно оствари троен учинок од 23 поени, 17 скока и 16 асистенции.

Претходно во текот на ноќта Хјустон го запиша првиот триумф против Оклахома со 123:108. Џејмс Харден како прва ѕвезда на Ракетите ја донесе победата реализирајќи 37 поени и 11 скока, Брадата имаше помош од Грин со 22 и Гордон со 21 поен да се осигури победа на стартот од разигрувањата.

Мајами поведе во серијата против Индијана со триумфот од 113:101.

- Оглас -

Најнови вести