Вучевиќ беше брилијантен, со рекорд им фрли магија на Јанис и Милвоки (Видео)

Никола Вучевиќ одигра маестрална партија баскет за Орландо, а магијата на црногорскиот центар и на неговите соиграчи го смрзна првиот фаворит за титулата, Милвоки бакс.

Орландо победи со 122:110 за одличен старт на плејоф-серијата во Источната конференција во дуелот на осмопласираниот тим и најдоброрангираниот состав во НБА по регуларниот дел на сезоната.

Вучевиќ постигна рекордни 35 поени во плејоф-меч, а имаше и 13 скока. Беше незадржлив за одбраната на Бакс, екипа што ќе треба да игра многу подобро ако сака да го оправда ореолот на прв фаворит за титулата.

https://twitter.com/NBAonTNT/status/1295804873821130753?s=20

Јанис Адетокумбо одигра одличен меч со 31 поен, 17 скока и 7 асистенции, но немаше поддршка од соиграчите и Милвоки губи со 0:1 во серијата до 4 победи.

Теренс Рос уфрли 18 поени за Меџик, а Фулц и Кларк постигнаа по 15 за победничкиот тим. Хил забележа 16 поени кај Милвоки, а еден поен помалку имаше Бледсо.

Во тек е првиот меч од серијата меѓу Индијана и Мајами, а по полноќ стартуваат и Хјустон против Оклахома и Лос Анџелес лејкерс против Портланд трејлблејзерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести