Потпис на денот, Лео и официјално останува верен на Милан

Милан денеска и официјално потврди дека го продолжи договорот со еден од своите најдобри фудбалер, Рафаел Леао.

Леао стави параф на новиот договор со Милан кој ќе трае до 2028 година и според кој ќе има драстично зголемување на платата. Со новиот договор, Португалецот ќе биде меѓу најдоброплатените фудбалери во Милан со плата од седум милиони евра, додека со стариот договор, таа изнесуваше 1,5 милион евра.

Со потписот на новиот договор, Милан се обезбеди од заинтересираните екипи и вметна откупна клаузула која изнесува 175 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести