Потпишан вториот најголем договор во историјата на НБА

Шарлот хорнетс и Ламело Бол се договорија за продолжување на соработката во наредните пет години според која третиот избор на драфтот од 2020 година ќе го потпише вториот најголем догговор во историјата на НБА.

Бол од Шарлот во наредните пет години ќе добие дури 260 милиони долари. Единствено Јокиќ има поголем договор, центарот на Денвер за пет години ќе добие 272 милиони долари.

Ова воедно е и најголем договор во историјата на Шарлот, кој досега на ниту еден играч не му дал повеќе од 120 милиони долари (Гордон Хејворд и Николас Батум).

Бол кој во август ќе наполни 22 години, минатата сезона имаше просек од 23,3 поени, 8,4 асистенции и 6,4 скокови на само 36 натпревари што ги одигра.

На вториот дел од преодниот рок во НБА беа потпишани уште неколку интересни договори.

Домантас Сабонис останува во Сакраменто кингс и во наредните пет години. Литванецот со Кралевите потпиша нов договор вреден 217 милиони долари.

Брук Лопез и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Милвоки бакс и за тоа ќе инкасира 48 милиони долари.

ЛА Лејкерс потпиша нови договори со бековите Дианџело Расел и Остин Ривс. Расел ќе добие 37 милиони за две години, а Ривс потпиша четиригодишен договор вреден 56 милиони.

Дилон Брукс по шест години го напушта Мемфис и се сели во Хјустон со кого потпиша договор на четири години за 80 милиони долари.Расел Вестбрук одлучи да остане во ЛА клиперс и за две години ќе добие осум милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести