Потресно: Се појави видео во кое тренерот го моли Дадашев да ја прекине борбата

Тренерот на рускиот боксер Максим Дадашев како да претчувствуваше дека може да се случи најлошото. Дадашев, кој имаше 28 години, вчера почина во болница во САД по повредите здобиени во бокс-мечот против Субриел Матијас од Порторико.

До пред овој меч, Дадашев имаше биланс од 13 победи во 13 борби. Првиот пораз се покажа како кобен. Во 11-тата рунда, Русинот прими многу силни удари, па членовите од неговиот табор решија дека борбата мора да биде прекината.

Иако делуваше дека мечот е навремено стопиран, Дадашев кога си заминуваше од рингот се струполи, а потоа веднаш беше пренесен во болница. Лекарите констатирале дека има голем хематом на мозокот, а и покрај направените операции, Дадашев не издржа.

Непосредно, пред да биде прекината борбата, неговиот тренер буквално го моли Дадашев да ја прекине борбата.

„Макс, ќе ја прекинам борбата. Ќе ја прекинам. Доби премногу удари, доби премногу удари. Те молам, те молам дај да го направам тоа. Погледни ме, те молам. Ако не ја прекинам јас борбата, судиите ќе ја прекинат. Те молам, те молам Макс, те молам“, викаше тренерот во аголот на својот боксер. Мечот беше прекинат, но и тоа беше предоцна.

https://twitter.com/Vote4Jose/status/1153723677424283648

- Оглас -

Најнови вести