Повеќе од пет минути траеше хаосот на Порто – Спортинг, Пепе повторно во главна улога (Видео)

Големото португалско дерби меѓу Порто и Спортинг заврши нерешено 2:2, а двете екипи може да жалат што не победија. Спортинг одлично го отвори мечот и со головите на Паулињо и Сантос поведоа со 2:0, а до полувреме Порто намалина 1:2 со погодокот на Виеира.

Домаќините продолжија да напаѓаат во вториот дел и Тареми во 78 минута израмни на 2:2. Тргна Порто и по комплетен пресврт, но немаше сили за трет гол, па заврши нерешено.

Се играше деветата минута од судиското надополнување која голманот на Спортинг Адан реагираше пред Пепе, а овој реагираше затоа што помисли дека еден негов соиграч е удрен со нога во глава. Веднаш се случи хаос кој траеше повеќе од пет минути.

На крајот, судијата даде по два црвени картони во двата тима и тоа по завршување на мечот. Претходно Спортинг имаше еден црвен картон по исклучувањето на Каотес во 49 минута, па епилогот на дербито е четири погодоци и пет црвени картони.

- Оглас -

Најнови вести