Повели штафетата, па здравје за 15 години и тебе да те викаат легенда

Се среќаваа Пандев и Елмас и минатата сезона во Серија А, но никако да се погодеа на терен еден против друг повеќе од неколку минути. Вчера беше сосема друга глетка. Двајцата добија шанса од клупа, па повеќе од половина час се одвиваше тој македонски дуел на старата и новата генерација, иако Џенова беше потопена на „Сан Паоло“. Елмас се радуваше на првиот гол во новата сезона, втор во Калчото откако го носи дресот на Наполитанците и, нормално, му посакуваме да биде само еден од многуте во низата кои треба да ги реализира во иднина.

Не знам дали забележавте, но вчера се случи предавањето на штафетата. Легендата на италијанскиот фудбал, големиот Горан, му даде одговорност на нашиот дијамант да го следи неговиот пример, да чекори по неговите стапки и да ги достигне неговите височини. Повеќе од 15 години Гранде го градеше имиџот на Чизмата, неговото име се слави од Рим до Милано и Џенова, секако е миленик и на наполитанската публика, која вчера во ограничен број ја пречека македонската икона.

Кариерата на Пандев треба биде патоказ за Елмас за и тој да прерасне во фудбалер кој за петнаесетина години ќе важи за легенда во италијанскиот фудбал. Додека сме во исчекување на јубилејниот 100-ти гол на Пандев во Серија А (има уште 36 шанси да стигне до учинокот), му се радуваме на предавањето на штафетата со огромна верба дека Елмас ќе продолжи по патот по кој веќе тргна.

ИЗВИНИ ЈОКИЌ, НАВИСТИНА СИ ФАНТАСТИЧЕН, НО КРАЛОТ ТРЕБА ДА ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО

Колку и да му наштети пандемијата со корона-вирусот на спортот, поради неа гледаме сосема различно, а еднакво возбудливо, можеби и поквалитетно од кога било, натпреваруње во НБА-лигата. Меурот во Орландо приреди неколку пријатни изненадувања, покрај Мајами, секако, тоа беше тимот на Денвер нагетс, кој блескаше во разигрувањата сѐ до конференциското Западно финале.

Кроткиот и мил џин Никола Јокиќ, во дуо со одличниот Мареј претставуваа закана и за најквалитетните екипи во лигата. Негатива од 1-3 за Денвер беше знак дека може да се игра во втора брзина и да се приредуваат големи пресврти и изненадувања. Така беше со Јута, па и со Клиперс, а во идентична ситуација се најдоа Нагетси и против 16-кратниот првак, кој пак не дозволи нова сензација.

Лејкерси ставија крај на бајката која ја пишуваше франшизата од Колорадо, по што на Леброн Џејмс му останаа четири победи да го исполни ветувањето кое си го даде во чест на трагично загинатиот пријател Коби Брајант. Кралот игра за наследството на Коби и јасно беше дека ќе игра со сета моќ и знаење само да стигне до шампионскиот прстен.

Рано утринава се дозна противникот на ЛА лејкерс во големото финале, тоа ќе биде тимот на Мајами хит. Според прикажаното досега на двете екипи, финалната серија ветува дека ќе биде фантастична, со многу неизвесни битки и драми до последните секунди. Езерџиите точно по една деценија ќе се борат за титула, првпат без Брајант во последниве 20 години, додека, пак, Мајами од 2014 година чекаше на финале, а таму за последен пат ги одведе токму Кралот. За него ќе биде емоционално финале, ќе игра против тимот со којшто освои два од трите прстени. Неспорно е дека на Џејмс, како и на останатите играчи во Лејкерс ќе им биде тешко, но извинете Мајами, извини Јокиќ, гостите од Ел-Еј имаат ветување да исполнат и ништо нема да им застане на патот да го сторат тоа.

Финалната серија во НБА-лигата е одлична шанса да се дојде до заработка преку обложување. Иако има помалку калкулации од претходно, комбинациите се тука – Sport Life обложувалници ви нуди да погодувате најдобар стрелец, скокач, најдобар асистент, кој тим прв ќе оди над 100 поени и уште многу многу други типови достапни да се состави добитен тикет.

- Оглас -

Најнови вести