Повредата на Адеми не е наивна, не игра против Шахтар во ЛШ?

Аријан Адеми веројатно ќе го пропушти и дуелот во Лигата на шампионите на 22 октомври против Шахтар во Украина и нема да игра за Динамо Загреб.

Повредата на глуждот сепак е посериозна отколку што изгледаше на прв поглед, па по пропуштениот меч со Полска во дресот на македонската репрезентација, Адеми речиси сигурно нема да настапи и во третото коло во ЛШ.

Популарните Модри, како што објавуваат хрватските медиуми, ќе мора да бараат рецепт за победа против украинскиот првак без својот капитен.

Во вторник, во Харков ќе се игра еден од клучните дуели за една од првите две позиции што водат во следната фаза во ЛШ, па отсуството на Адеми ќе биде хендикеп за хрватскиот првак.

Манчестер сити со 6 бода е лидер по две кола во групата Ц, Динамо и Шахтар имаат по три бода, а Аталанта е без бодови.

- Оглас -

Најнови вести