Повторно корона-вирус во Милан, тренерот Пиоли е позитивен

Стефано Пиоли, тренерот на Милан, е позитивен на ковид-19, потврдија од клубот. По добиените резултати од тестирања кои се извршија утрово, само еден тест би позитивен, тој на италијанскиот стратег, додека останатите членови на Росонерите се негативни.

Пиоли веднаш е сместен во домашна самоизолација и не покажува симптоми, што е добро, но речиси сигурна екипата на Милан идната недела ќе биде без кормиларот во дербито против Наполи на Елиф Елмас кое ќе се одржи на „Сан Паоло“ во Неапол.

Претходно Златан Ибрахимовиќ го победи опасниот вирус, а во текот на пандемијата имаше уште неколку заразени играчи, кои исто така го надминаа проблемот и продолжија со обврските во клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести