Новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија стартува на 10/11 август, а актуелниот шампион Струга Трим Лум ќе ја почне одбраната на титулата со дуел против актуелниот освојувач на Купот, тимот на Тиквеш, на домашен терен.
Вардар ќе гостува кај Брера, додека Шкендија ќе оди на гости кај новиот прволигаш Беса.
Одреден е распоредот за сите 22 кола од регуларниот тек, по што ќе следи трет круг на натпревари, а ќе биде познат според пласманот на екипите во првите два круга од натпреварувањето.
Интересно ќе биде веќе во второто коло, кога Вардар ќе го пречека Пелистер во „вечното дерби“ на македонскиот фудбал.