Познат фудбалер после пораз на ЕП 2016, му ставил пиштол на чело на селекторот

Шокантен, а наводно забавен настан се случил за време на Европското првенство во Франција во 2016 година. После поразот на Северна Ирска од Велс од 0-1, играчот Кајл Лаферти вели дека му ставил пиштол на чело на селекторот Мајкл О`Нил. Напаѓачот на Сандерленд наводно тоа го направил на шега, на прошталната забава во Франција, но на тогашниот селектор, а сегашен тренер на Стоук, веројатно не му било смешно.

О`Нил го стави Лаферти во игра на мечот со Полска, но не и против Украина кога се играше клучниот меч за пласман во следната фаза. Северна Ирска се најде во нокаут фазата каде испадна од Велс со 0-1. По завршувањето, Северно-Ирците направиле проштална забава на која имало и тројца момци кои работеле како обезбедување. Тие цело време носеле оружје, но играчите се спријателиле со нив, а во еден момент, Лаферти решил да му го позајми пиштилот на едниот „во забавни цели“.

„Ни рекоа дека ќе излезат и дека е се вратат за 10 минути. Се вратија со оружје, очила за ноќно набљудување. Селекторот седеше на другата страна и јас зедов пиштол и отидов кај него. Му ја ставив цевката од пиштилот на чело и во пега му реков: Дали сега жалите што не ме ставивте против Украина? – раскажува Лаферти.

Не се знае како селекторот ја сфатил шегата додека му држеле пиштол на чело.

 

- Оглас -

Најнови вести