Познат германски судија ќе ја дели правдата на дуелот Манчестер сити – Реал Мадрид

Двајца германски судии ја добија довербата од УЕФА да ја делат правдата на реванш дуелите од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити – Реал Мадрид и Јувентус – Олимпик Лион.

Познатиот арбитар Феликс Брих ќе биде на центарот во Манчестер каде домаќините со предност од 2:1 гопречекуваат Кралскиот клуб од Мадрид. Брих е судија кој најчесто носел среќа за Реал. Тој го судеше финалето од Лигата на шампиони во 2017 година кога мадридскиот гигант го победи Јувентус со убедливи 4:1. Сепак, последен пат кога Брих му судеше на Реал, фаворитот загуби убедливо со 4:1 од Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“.

И на дуелот во Торино меѓу Јувентус и Лион ќе суди Германецот. Феликс Цвајер ќе биде главен арбитар, во мечот на кој италијанскиот првак ќе брка заостанување од еден гол против Лион.

 

- Оглас -

Најнови вести