Познат календарот за новата сезона во Серија А: Милан против Удинезе ја почнува одбраната на титулата, Елмас гостува кај Верона

Серија А го обелодени распоредот на натпревари за сезоната 2022/23, во која Милан ќе ја има улогата на бранител на Скудетото.

Росонерите во таа мисија ќе тргнат на домашен терен против Удинезе, Наполи на Елиф Елмас гостува кај Верона во првото коло. Јувентус ќе го вгости Сасуоло, додека Интер гостува кај Лече.

Миланските дербија се предвидени за петтото и 21-вото коло, а прво шампионот ќе биде домаќин.

Дербијата меѓу Милан и Јувентус се закажани за деветтото и претпоследното 37-мо коло. Што се однесува до дербијата меѓу Јувентус и Интер, тие ќе се играат во 13-тото коло, односно 27-мото коло.

- Оглас -

Најнови вести