Познати четвртфиналните дуели од Купот на Македонија: Дербито е во Кратово

Силекс против Шкендија треба да е дербито во четвртфиналето од Купот на Македонија. Денешната ждрепка сакаше Шкендија да гостува во Кратово, каде што Силекс е подготвен да го победи секој ривал.

Македонија Ѓорче Петров е тимот кој можеби имаше најголема среќа на ждрепката. Тимот од Ѓорче Петров ќе гостува кај Беласица, која е закована на дното на прволигашката табела. Во Струмица ќе се игра уште еден меч, а тоа е Академија Пандев против Шкупи. СтругаТрим Љум на свој терен игра против Ренова.

Натпреварите од оваа фаза во Купот на Македонија се закажани за 25 ноември.

- Оглас -

Најнови вести