Познати се 29-те тима кои директно влегуваат во ЛШ, хитот е Комо

Италијанските Рома и Комо синоќа обезбедија место во лигашката фаза во фудбалската Лига на шампионите, и сега се познати сите 29 тима кои директно влегуваат во елитата од 36 тима, без да играат квалификации. Августовските квалификации ќе ги пополнат седумте слободни места.

Место во ЛШ имаат обезбедено: Баерн, Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Манчестер сити, Арсенал, Барселона, Атлетико, Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг Лисабон, Астон вила, Порто, Манчестер јунајтед, Клуб Бриж, Бетис, ПСВ, Феенорд, Лил, Наполи, Лајпциг, Виљареал, Шахтар, Галатасарај, Славија Прага, Штутгарт, Комо и Ленс.

Секако хитот во ова друштво е Комо кој ќе биде дебитант и клуб кој во Лига Европа ги испрати гигантите Јувентус и Милан.

- Оглас -

Најнови вести