Силекс со стил го прослави освојувањето на трофејот во Купот (Видео)

Силекс стигна до четвртиот трофеј во Купот на Македонија откако синоќа на Арената „Тодор Проески“ минимално со 1:0 ја победи Шкендија. Клучниот момент се случи во 71-вата минута, кога Додев одлично продре и му асистираше на Алиќ за погодок, кој на крајот се покажа како клучен за кратовци да го освојат трофејот.

По завршувањето на финалето, фудбалерите и стручниот штаб на Силекс заслужено го славеа големиот успех бидејќи освен златните медали и пехарот, кратовци со оваа победа обезбедија место и во европските купови, односно во квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеоклипови на кои освојувачите на Купот слават во ресторан. Освоениот трофеј гордо беше поставен на чело на масата, а фудбалерите и останатите од стручниот штаб славеа со македонски, но и песни кои се балкански хитови.

На еден од клиповите, победниците во Купот ужваат пеејќи ја легендарната песна „Налеј, Налеј“.

 

- Оглас -

Најнови вести