Познати се двојките за баражите кои ќе ги дадат последните патници на ЕП 2024, БиХ го доби најтешкиот противник во полуфиналето

Денеска во Нион, Швајцарија, беше одржана ждрепката за баражите за пласман на ЕП 2024 преку Лигата на нации и селекцијата на Босна и Херцеговина немаше среќа бидејќи е падна најтешкиот можен противник.

Во ждрепката учествуваа првопласираните селекции во Лигата на нациите кои не успеаја да обезбедат пласман на ЕП преку стандардните квалификации, па преку баражот ќе се борат за трите преостанати слободни места на континенталниот собир.

Во групата А, Полска во полуфиналето од баражот ќе игра против Естонија, а во вториот меч ќе се сретнат Велс и Финска. Токму победникот од второто полуфинале ќе биде домаќин на финалниот меч кој ќе го даде патникот на ЕП од групата А.

Во групата Б, полуфиналните двојки се Израел – Исланд и БиХ – Украина. Домаќин во финалниот меч ќе биде победникот од второто полуфинале.

Во групата Ц, Грузија ќе игра против Луксембург, а Грција против Казахстан во полуфиналето. Победникот од првото полуфинале ќе биде домаќин на одлучувачкиот меч за пласман на ЕП 2024 од групата Ц.

Полуфиналните мечеви ќе се играат на 21 март 2024 година, а финалните се закажани за 26 март.

- Оглас -

Најнови вести