Групната фаза од Лигата на шампиони ќе биде комплетирана утре со дуелот Аталанта – Вилјареал, кога и ќе се знае последниот патник во нокаут фазата од елитното натпреварување на УЕФА.
Иако има една непознаница, сепак се знае распоредот на двата шешири и кои клубови се во улога на носители, а кои ќе бидат неносители.
Во групата на носители се: Манчестер сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Лил и Јувентус.
Во групата на неносители се: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Салцбург, Челзи и еден од Аталанта и Вилјареал.
Ждрепката ќе биде на 13 декември, а јасно е дека во осминафиналето нема да може да се паднат екипи кои биле во иста група, како и клубови кои доаѓаат од исти земји, што значи дека се работи за полудиригирана ждрепка.
Во една ваква ситуација, сигурно сите носители ќе сакаат да го избегнат Пари Сен Жермен. Ако се погоди ждрепката, може да има дуели од типот: ПСЖ – Реал Мадрид, Интер – Ливерпул, Челзи – Баерн Минхен, Атлетико Мадрид – Манчестер сити…