ПОЗНАТИ СТАРТНИТЕ СОСТАВИ: Барселона верува во 16-годишно момче, Арсенал тргнува офанзивно против Порто

Барселона со тројца напаѓачи стартува во реваншот против Наполи во обид да стигне до победа и пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Со Роберт Левандовски, Рафиња и младиот 16-годишен Јамал, каталонскиот гигант ќе се обиде да го натера противникот да капитулира.

И Наполи нема да се брани, па и гостите се во формација 4-3-3, што значи дека може да се очекува отворен дуел во Барселона.

Арсенал мора да брка победа откако во првиот меч загуби со 0:1 од Порто, па очекувано е зошто Топчиите тргнуваат офанзивно.

- Оглас -

Најнови вести