Познатиот јутјубер го победи некогашниот ММА шампион (Видео)

Американскиот јутјубер Џејк Пол уште еднаш покажа дека е добро подготвен за во ринг да влезе и со некогаш најдобрите борци, па во бокс меч кој траеше 10 рунди, го победни некогашниот ММА шампион Нејт Дијаз.

Борбата траеше 10 рунди, а на крајот судиите едногласно му ја дадоа победата на Пол и тоа со 97:92, 98:91 и 98:91. Пол успеа дури и да го испрати Дијаз на подот, но ММА борецот се врати во рингот, но не успеа да парира на познатиот јутјубер.

 

- Оглас -

Најнови вести