Познато е каде ќе се играат наредните четири финалиња на ЛШ

Наредната недела се очекува извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, на состанокот во Љубљана да потврди каде ќе се играат наредните неколку финалиња од машката Лига на шампиони. Финалниот меч од оваа сезона, која почна синоќа, е закажан за 30 мај 2020 во Истанбул.

Според најавите, финалето во 2021 година ќе се игра на супердмодерниот стадион „Крестовски“ на Зенит во Санкт Петербург, потоа во 2022 година финалето би требало да се игра во Минхен, на „Алијанц арената“, а во 2023 година финалниот меч ќе се игра на „Вембли“ во Лондон. Последното финале на Вембли се играше во 2013 година, па ќе помине точно една деценија пред повторно да биде домаќин на големиот настан.

На истиот состанок во Љубљана ќе се најави и почетокот на третото клупско натпреварување, кое веројатно ќе се вика Лига на Европа 2.

- Оглас -

Најнови вести