Правилата на УЕФА се јасни: Жирона и да ја освои Ла Лига, нема да игра во ЛШ!

Екипата на Жирона е вистинска сензација во шпанската Ла Лига оваа сезона и во моментов се наоѓа на делба на првата позиција со еднаков број бодови со Реал Мадрид. Клубот од Каталонија има само еден пораз, кој го доживеа токму од Кралевите, но според правилата на УЕФА, и да успее да ја освои титулата, сепак ќе остане без учество во Лигата на шампионите.

Жирона е во сопственост на „Сити фудбал груп“, корпорација која има неколку екипи под својата капа, меѓу кои и актуелниот освојувач на Премиер лигата и Лигата на шампионите, Манчестер сити. Според правилата на УЕФА, во исто европско натпреварување може да учествува само една екипа од ист сопственик, а доколку се случи да има повеќе, тогаш пласман обезбедува оној тим кој имал подобар пласман. Во случајов тоа ќе бидат Граѓаните“, а Жирона ќе мора да се задоволи со учество во Лигата на Европа.

Сепак, доколку клубот од Каталонија успее да остане на позициите кои водат во Лигата на шампионите, имаат доволно време да ја променат сопственичката структура и да ги заобиколат правилата на УЕФА, а со тоа и да го оствари најголемиот успех во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести