Украина првпат во историјата ќе има странец за селектор

Италијанскиот фудбалски стручњак, 55-годишниот Андреа Малдера, е именуван за нов селектор на Украина, соопшти претседателот на Украинската фудбалска федерација Андриј Шевченко.

Малдера стана првиот странски селектор во историјата на украинската репрезентација, а на клупата го наследи Серхиј Ребров, кој ја напушти функцијата по неуспехот во дополнителните квалификации за пласман на Светското првенство пред месец и пол.

„Андреа Малдера е Италијанец со украинска душа. Работеше во репрезентативниот стручен штаб пет години, а потоа соработуваше со врвни клубови. Важно е што во оваа фаза има амбиција да направи нешто како главен тренер“, изјави Шевченко.

Малдера беше технички директор на украинската репрезентација до 2021 година, токму во периодот кога Шевченко беше селектор. Потоа работеше како помошник на Роберто Де Зерби во Брајтон и Марсеј. Претходно речиси десет години беше дел од стручниот штаб на Милан.

- Оглас -

Најнови вести