Празничен почеток со супер новитет – Денеска стартува третата сезона на Спортска прогноза, Ајфон 11 е премија за секое коло

Празнично, денеска од 14 часот и официјално започнува новата, трета по ред сезона на Спортска Прогноза, а убав новитет е премијата за секое коло за најдобрите прогнозери кои ќе ги погодат сите 13 двојки од основната програма.

Sport Life и Спорт Манија ќе доделуваат Ајфон 11 за секое коло за прогнозерите што ќе имаат максимален број на погодени натпревари, а продолжуваме и понатаму со бесплатната игра што привлече многу внимание со мечевите од првото коло во третата сезона што ќе се играат викендов и во понеделник.

Учеството во играта е бесплатно за сите членови на ексклузивниот Sport Life Клуб, како и за сите новорегистрирани корисници кои имаат активна сметка за online обложување на Sport Life.

Стандардно во секое коло ќе има и ваучери од 1.000 денари за еден промашен натпревар и од 500 денари за две утки. Продолжуваме и со наградување на најдобрите во Генерален пласман, па затоа е важно редовно да се прогнозира секое коло и да се погодуваат што повеќе натпревари, вклучувајќи ги и двата резервни пара во секоја рунда.

Шампионот на крајот на оваа сезона ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има уште многу награди за учесниците во бесплатната игра.

Премиерата со која ќе почне првото коло на третата сезона на Спортска прогноза е во сабота од 16 часот со три меча. Кристал Палас ќе му биде домаќин на Саутемптон, Вест хем го чека засилениот Њукасл во двата меча од стартното коло во англиската Премиерлига што се на менито на Спортската прогноза.

Во истиот термин Еибар ќе игра со Селта на почетокот на новата сезона во шпанската Ла Лига. Токму овој термин, 16 часот во сабота ќе биде последна можност за прогнозирање на 13+2 пара од премиерното коло на нашата бесплатна игра што ја организираме за вас.

Во сабота има уште еден меч од основната програма со 13 двојки, на менито ни е и француската Ла Лига, а ви го нудиме за прогнозирање дуелот меѓу Монпелје и Ница, закажан за 17 часот.

Во фокусот од вкупно 7 натпревари што ќе се играат во недела се дуелите меѓу Тотенхем и Евертон, Трабзон против Бешикташ, Валенсија со Леванте и големото француско дерби меѓу ПСЖ и Марсеј.

Првото коло од третата сезона на Спортска прогноза ќе заврши со дуелите меѓу Шефилд јунајтед и Вулверхемптон и Алавес и Бетис што ќе се играат во понеделник од 21 часот.

Не заборавајте да се приклучите во играта што е бесплатна и многу забавна, со супер награди.

За полесно да се вклучите во игра во новата сезона на Спортска прогноза посетете ја страницата на Sport Life со детални информации за третата сезона на овој ЛИНК.

 

 

- Оглас -

Најнови вести