Пред 12 години се сликаше со Меси, а синоќа му го загорчи животот

Кинескиот напаѓач на Еспањол, Ву Леи, синоќа со својот гол во финишот на градското дерби му донесе значаен бод на неговиот тим во пресметката со Барселона, или поточно на лидерот на табелата му „симна“ два бода, па Барса иако е есенски првак, веќе нема бодовна предност во однос на најголемиот конкурент Реал Мадрид.

Ву Леи стана првиот Кинез во историјата кој дал лигашки гол против Барселона.

Ву Леи е ѕвезда на кинескиот фудбал, во неговата земја сите кои следат фудбал го знаат, а тој има долга историја поврзана со најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси. За време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, Ву Леи беше меѓу децата кои стојат покрај аут линијата и им ги додаваат топките на фудбалерите кои се на терен. Тогаш Леи имаше желба да се фотографира со аргентинските млади ѕвезди Кун Агуеро и Меси.

Сега, 11 и пол години подоцна, детето порасна и постигна значаен гол за Еспањол против неговиот идол Меси. Продажбата на дресови оди одлично, головите на Ву Леи се многу пати гледани на Интернет, и сето тоа го прави незаменлив за Еспањол.

- Оглас -

Најнови вести