Пред четири години му бараше дрес, а утре во финале ќе ги одмери силите против својот идол (фото)

Баерн Минхен утре во Катар ќе се бори за втора светска титула во својата историја, а мексиканскиот Тигрес е тимот кој Баварците ќе треба да го надиграат за нов успех.

Финалето ќе биде од посебен значење за младата ѕвезда на Баерн, Алфонсо Дејвис. Пред четири години, додека Дејвис беше играч на Ванкувер, му побара дрес на еден од своите идоли, Андре-Пјер Жињак, со кого се сретна во полуфиналето во меѓународното натпреварување на Централна и Северна Америка.

Тогаш Дејвис изјави дека Жињак му е еден од омилените играчи, а сега судбината повторно ги спои, па така младиот бек ќе има нова прилика повторно да му го побара дресот на расниот голгетер на Тигрес.

- Оглас -

Најнови вести