Пред хрватското дерби: На „Пољуд“ се појави „тенк“ што ги насмеа сите (Фото)

Хрватскиот шампион Динамо нема многу време за прослава на пласманот во групната фаза од Лигата на шампиони. „Модрите“ попладнево гостуваат во Сплит на Хајдук, во големото хрватско дерби, а пред стадионот „Пољуд“ се појави едно чудно возило.

Возило преправено во тенк било паркирано пред „Пољуд“, но полицијата реагирала и го тргнала.

„Утврдено е дека возилото е паркирано на недозволено место. Не можевме да утврдиме кој е сопственик, бидејќи немаше уредни регистарски таблици. Возилото е преместено“, стои во соопштението на полицијата во Сплит.

 

- Оглас -

Најнови вести