Пред неколку недели играше во тим за бегалци, а сега е херој на тим кој игра во ЛШ

Аталанта минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Болоња, триумф со кој тимот од Бергамо останува во трка за пласман во Лигата на шампионите и за следната сезона. На овој меч, гостите од Бергамо беа без повеќе стандардни фудбалери, па тренерот Џан Пјеро Гасперини мораше да повика и играчи од младинскиот тим.

Изборот падна на Мустафа Сисе. Талентираниот Гвинеец само пред неколку недели дојде во младинскиот тим на Аталанта. Претходно играше за аматерски тим составен од бегалци, кога на еден меч, скаутите на Аталанта го забележале 18-годишното момче и го поканиле да биде дел од тимот од Бергамо.

Сисе неколку недели тренираше со младинскиот тим, а вчера првпат доби шанса да биде и со сениорите. Не само да е во составот, туку Сисе во 65-тата минута влезе во игра. Само 17 минути по влегувањето, тој се претвори во херој постигнувајќи го единствениот погодок на мечот, доволен за победа на Аталанта.

Едноставно, Сисе е уште една убава приказна за сите оние кои веруваат во своите соништа. Од аматерски тим за бегалци, сега тинејџерот е херој на Атланата, која сезонава играше во групната фаза од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести