Пред пет месеци беше главен Шериф во Мадрид, сега се врати да ја брани Украина (Фото)

Тренерот на Шериф Тираспол, Јуриј Вернидуб, го напушти клубот од Молдавија и замина за Украина во одбрана на својата земја.

Вернидуб е роден во украинскиот град Житомир, а веќе објави и фортографија во униформа.

Само пред пет месеци украинскиот тренер успеа да го надмудри Карло Анчелоти и да го победи Реал Мадрид со Шериф на гостувањето во главниот град на Шпанија.

Тогаш Шериф победи со 2:1 во меч од Лигата на шампионите, на кој во последните минути за гостите од Молдавија играше и македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

- Оглас -

Најнови вести