Пред пет месеци триумифира во Лигата на Европа, а сега доби отказ

Управата на Севиља му врачи отказ на тренерот Хосе Луис Мендилибар поради слабите резултати сезонава.

Последниот натпревар кој му пресуди на Мендилибар беше во саботата, и тоа против тимот за кого брани македонскиот репрезентивец Столе Димитриевски (2:2).

Тоа беше четврто реми за Севиља во последните шест меча, притоа остварувајќи и по една победа и пораз, а екипата се наоѓа на 14-тото место на табелата само со осум освоени бода од девет меча.

Отказот за Мендилибар доаѓа само пет месеци откако со Севиља триумфира во Лигата на Европа.

Мендилибар прд Севиља седеше на клупата и на Алавес, Леванте, Осасуна, Атлети Билбао.

- Оглас -

Најнови вести