Точно пред 10 години Мануел Нојер го прими најубавиот гол (Видео)

Во изминативе 10-тина години Мануел Нојер прерасна во еден од најдобрите голмани во светскиот фудбал, а со своите настапи ја заслужи и капитенската лента во репрезентацијата на Германија. Сепак, кога Нојер „созреваше“ на фудбалскиот терен, го прими можеби најубавиот гол во неговата кариера.

Тоа се случи на 5 април 2011 година, кога Интер на „Џузепе Меаца“ го пречека Шалке 04 во меч од Лигата на шампионите. Дуелот започна на најдобар можен начин за Нераѕурите, откако Дејан Станковиќ само по 25 секунди од почетокот на мечот успеа да постигне гол.

Нојер истрча од својот шеснаесетник, со глава исфрли една топка, но сепак опасноста не заврши. Топката дојде до Станковиќ, кој од речиси половина терен, од прва со волеј успеа да погоди од 50 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести