Tочно пред една деценија, Пандев му донесе светска титула на Интер (Видео)

Горан Пандев точно пред десет години, на 18 декември 2010 година, постигна еден од своите најважни голови во клупската кариера и на Интер му донесе слава и титула првак на Светското клупско првенство.

Во финалето на светското клупско во Абу Даби кое се играше точно пред една деценија, струмичанецот во 13-тата минута го совлада голманот Роберт Кидијаба, кој се прослави со смешното славење во полуфиналето, кога африканскиот првак го шокираше бразилски Интернасионал како шампион на Јужна Америка.

Интер победи со 3-0, а Пандев го отвори резултатот и најави дека Нераѕурите ќе го освојат трофејот.

- Оглас -

Најнови вести