Пред три недели на 35-годишна возраст дебитираше на голот на Уругвај, вчера направи голема глупост во Аргентина (Видео)

Себастијан Соса направи голема глупост на голот на Индепендиенте и реагираше како неискусен голман, па прими лесен гол откако сакаше да дрибла на мечот со Патронато во Првата аргентинска лига.

Ветеранот кој има 35 години малку се занесе и се обиде со дриблинг да го измами Хектор Ачеведо, но се посрамоти и веќе беше доцна за реакција, а топката заврши во неговата мрежа.

Со тој гол Патронато поведе со 2:0 и потоа успеа докрај да ја здржи предноста од два гола и да победи со 3:1.

[Argentina Top Division]Patronato 2-0 Independiente – Acevedo 27′ (Goalkeeping howler) from soccer

Соса пред неполни три седмици, односно на 11 јуни, дебитираше за Уругвај на 35-годишна возраст на мечот против Панама што го доби неговата репрезентација со 5:0.

Се надева дека ќе биде и на списокот со патници кај двојниот светски првак за Мундијалот во Катар во ноември и декември.

Уругвај е во Х групата на Светското првенство со Португалија, Гана и Јужна Кореја.

 

- Оглас -

Најнови вести