Предлог замислениот тикет по вкус на прогнозерите, за денеска има пет меча и супер вкупна квота

Во 31-вото коло на Спортска прогноза нема да има добитници на премијата или вредносни ваучери од Sport Life, а награда може да ви биде ако составите тикет по мислењето на мнозинството играчи и тој испадне добитен. Вкупната квота за петте меча е нешто над 41.

Вчерашните неколку ремија на бундеслигашките мечеви, а и победите на Монпелје во Нант и на Лил над Марсеј во Франција, се причина што ниту еден играч на Спортска прогноза не е во игра за добивка.

За денеска останаа да се одиграат уште три меча од основната понуда и двата резервни парови.

Ако треба да им се верува на мнозинството прогнозери, фаворити за денеска се Севилја против Бетис, Реал Мадрид во дуелот со Валенсија и Лацио против Удинезе. Речиси половината прогнозери типувале нерешено на Торино – Фиорентина, а најголема е поделеноста кај Наполи – Интер. Таму 35,69 отсто веруваат во победа на наполитанците, 26,9 проценти се за двојка, а 37,3 отсто прогнозираат нерешено.

Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:

Торино – Фиорентина Х

Наполи – Интер 1Х 

Севилја – Бетис 1 

Валенсија – Реал Мадрид 2 

Удинезе – Лацио 2 

 

- Оглас -

Најнови вести