Официјално: Прекинато натпреварувањето во кое играат Вардар и Пелистер!

Извршниот комитет на регионалната СЕХА-лига на денешниот состанок одлучи дека ова натпреварување ќе биде во прекин, и тоа на неодредено време. Руската фирма „Газпром3 е главен спонзор на натреварувањето во кое учествуваат и македонските екипи Вардар и Еурофарм Пелистер.

Покрај Вардар и Е. Пелистер, тука се и екипите на Мотор Запорожје и Мешков Брест. Прекинот на ова натпреварување е воениот конфликт меѓу Русија и Украина.

„Со цел да се заштити регуларноста на натпреварувањето, Сите мечеви во СЕХА-лигата од сезоната 2021/22 се одложени до дополнително известување“, стои во соопштението од челниците на СЕХА-лигата.

Вардар е најтрофејниот клуб во ова регионално натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести