Прекинува светскиот рекорд, чудно ќе биде да се види Франција без Гризман

Антоан Гризман има повреда и ќе ги пропушти претстојните мечеви на Петлите, што значи дека завршува неверојатната рекордна серија по број на одиграни натпревари за национален тим без прекин.

Гризман во средата против Интер играше 105 минути, викендов против Барселона на терен беше само во второто полувреме, а откако се појави на првиот собир на репрезентацијата, одлучено е да не се ризикува и нема да игра со Германија и Чиле.

Историската серија за Гризи почна во август 2017 година, ги одигра сите претходни 84 меча по ред и на секој од нив беше на терен барем една минута. На второто место на оваа вечна листа на Франција е Патрик Виера со 44 одиграни меча по ред.

На местото на Гризман, во репрезентацијата дополнително е повикан Матео Гендузи, кој игра во средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести