Прекрасна асистенција со ножички му ја расипаа со рогање во облаци (Видео)

Еден од најдобрите стрелци во катарското првенство Багдад Бунеџах одигра неверојатно добро и со асистенција со ножички му отвори шанса на соиграчот од Ал Сад, Афиф да постигне гол, но овој му го расипа извонредниот потег и ја „рогна“ топката во облаци.

Ал Сад од клупата го предводи легендарниот играч на Барселона, Чави, а неговите избраници го победија Ум Салам со 2:1.

Афиф се извади за рогањето со гол во 19. минута, а интересно е што стрелец на вториот гол за Ал Сад беше Бунеџах.

Погледнете ги ножичките на Багдад и утката на Афиф.

- Оглас -

Најнови вести