Премиер или четврта лига, Пеп останува во Сити, но на Де Бројне не му е сеедно

Пеп Гвардиола настојува да го испочитува до крајот договорот со Манчестер сити и покрај двегодишната забрана за настап во европските натпреварувања. Доколку актуелниот анлиски првак не го добие спорот по жалбата во Судот за спортска арбитража, за настап во Лигата на шампионите ќе може да конкурираат дури за сезоната 2022/23.

Воедно на Сити му се закануваат дополнителни казни од типот одземање бодови, до принудно деградирање во пониските лиги. Ваквите евентуални сценарија нема да го натераат Гвардиола предвреме да го напушти „Етихад“, барем додека не му заврши договорот во јуни 2021 година.

Сепак, фактот што од наредната сезона во Лигата на шампионите ќе го нема гигантот од Манчестер, оди на штета на Кевин де Бројне. Белгиската ѕвезда ќе остане без шест милиони евра, односно три милиони евра годишно како бонус што му следува за секој пласман на тимот во елитното натпреварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести