Екипата на Евертон има големи проблеми веќе подолго време. Тие се од финансиски карактер, но сега во целата ситуација се вклучи и раководството на Премиер лигата.
Сините од Ливерпул во последните три години имаат финансиска загуба од неверојатни 372 милиони фунти, а дозволениот праг за екипите од Премиер лигата е 105 милиони фунти.
Веќе е извесно дека Евертон ќе биде казнет со одземање бодови, но не со три поени како што се надеваат од клубот, туку со неверојатни 12 бода, кои практично клубот би го испаднале од Премиер лигата.
Евертон во моментов е на 16-тата позиција само со седум поени и доколку биде казнет со 12 бода, тешко дека ќе може да се избори за опстанок во најквалитетната англиска дивизија, но доколку казната биде само три поени, како што се надеваат во клубот, тогаш и тоа како би ги задржале шансите за спас во лигата.