Премиер лигата ќе биде прекината дури на три недели !?

Смртта на Кралицата Елизабета Втора е причина за многуте откажани спортски и културни настани. Веќе се откажани голф, крикет, но и фудбалски мечеви. Сепак, уште нема потврда што ќе биде со дуелите од Премиер лигата, иако вечерашната средба меѓу Барнли и Норич е откажана во рамките на Чемпионшип лигата.

Од Дворецот на новиот Крал препораката е да не се играат спортски мечеви, но оставено е секоја федерација сама да одлучи што е прави.

Кралицата која 70 години беше на тронот, почина вчера, а погребот треба да биде за 10 дена, а одлучено е периодот на денови на жалост да биде дури 17 денови. Некои најави се дека можно е во овие речиси три недели да нема фудбал од елитната англиска лига, што би било премногу ако се знае дека ионака е пренатрупан распоредот, поради Светското првенство кое ќе се игра во ноември и декември.

- Оглас -

Најнови вести