Премиер лигата не е природна средина за Канаринците, Норвич експресно се враќа во Шампионат лигата

Норвич после само една сезона престој во Премиер лигата, се враќа во Шампионат лигата. Поразот од 0-4 на свој терен против Вест Хем, покажа дека Канаринците се предале, иако и со победа, немаше да го одложат испаѓањето.

Мајкл Антонио е првиот играч на Вест Хем во последните 39 години кој дал четири гола на еден лигашки меч, прв Чекан после 33 години кој направил хет-трик на натпревар надвор од Лондон, a само деветти во историјата на Премиер лигата со четири гола на гостување, и прв по Хари Кејн од 2017 година.

На Антонио половина од головите во кариерата му се дадени со глава, придружувајќи им се на Џон Тери, Кенвајн Џонс, Тим Кејхил и Данкан Фергусон како единствени во историјата на Премиер лигата до барем 30 гола, а половината да биле со шут со глава.

Вест Хем немаше победа на гости кај Норвич уште од далечната 1973 година, но на таа црна сериа денеска ѝ дојде крај, и тоа на убедлив начин. Норвич е прв клуб кој петпати испаднал од Премиер лигата.

Вотфорд со два гола на Трој Дини од пенали, со пресврт дојде до победа над Њукасл од 2-1, и покажа дека со сите сили ќе се бори за опстанок. Погодокот на Чавките кој го даде Двајт Гејл, е 2.000-ти за Њукасл на гости во Премиер лигата, и тие се десетти клуб со такво достигнување.

- Оглас -

Најнови вести