Премиер лигата уште во првото коло го доби промашувањето на сезоната (видео)

Евертон и Карло Анчелоти може да жалат што немаат предност од 1-0 на гостувањето кај Тотенхем во мечот од првото коло во Премиер лигата. Ричарлисон имаше прекрасна шанса во 15-тата минута да ја затресе мрежата на Љорис, откако му ја украде топката на Алдервирелд и се најде осамен пред голот на Петлите.

Лесно го помина францускиот голман, но наместо да ја смести топката во голот, Ричарлисон од вртење испрати удар кој заврши високо над гредата. При тоа бразилскиот голгетер за кој Карамелите платија 40 милиони евра пред две години, не го виде осамениот соиграч Калверт-Луин и наместо да го проигра, испушти златна шанса.

Tottenham 0 – 0 Everton – Richarlison Opportunity 15′ from soccer

- Оглас -

Најнови вести