Премиерлигашите го изгласаа правилото за пет измени

Состанокот на премиерлигашите е уште во тек, а во првиот дел се изгласа правилото за пет измени. Наместо како што беше досега со три измени, тренерите во англискиот шампионат ќе може да менуваат по петмина играчи на секој од натпреварите до крајот на актуелната сезона.

Меѓутоа, услов за извршување на измените е што во второто полувреме тренерите ќе може да менуваат само трипати, поточно не може секоја измена да се прави посебно. Доколку се случи да има принудена измена во првиот дел од мечот, тоа нема да се смета во остатокот од средбата.

ФИФА уште од претходно ги предложи овие измени во правилата за супституции, а веќе на големо се користи во Бундеслигата. Уште еден новитет кај Англичаните е што на клупата за резерви ќе има по девет играчи, наместо по седум како што досега беше случајот.

Сезоната во Премиер лигата ќе продолжи на 17 јуни со двата натпревари од недовршеното 29-то коло, Манчестер сити – Арсенал и Астон вила – Шефилд јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести