Премиерлигашите го отвораат ова коло на Спортска прогноза, а играчите имаат јасни фаворити

Десеттото коло од Спортска прогноза ќе биде отворено со два натпревари од Премиер лигата кои се играат во стандардниот термин в сабота од 16:00 часот.

Саутхемптон пред своите навивачи ќе игра против Барнли, а во триумф на Светците веруваат дури 86 проценти од прогнозерите. Додека, евентуално изненадување на Барнли ќе очекуваат само 2,40 отсто.

Малку поголем е процентот за нерешено (10,86%), но јасно е дека ќе се чека кец на оваа средба.

Во истиот термин ќе играат Лидс и Вулверхемптон, каде што исто така се очекува радост на домашните. Повеќе од половина од обложувачите веруваат во победа на Лидс, додека, пак, втори по бројност (30,93%) се тие што веруваат во нерешен исход.

На успех на Волците ќе се радуваат само малку повеќе од 14 проценти.

За да се дојде до прекрасниот „ајфон 13“, потребно е да се погодат сите 13 пара, а за учество ви треба само да имате СЛ картичка од Sport Life, која можете бесплатно да ја добиете на некое од уплатните места.

И тие што имаат промашувања се добитни, со 12 погодени парови ви следува ваучер од 1.000 денари, а со две промашувања ќе добиете ваучер од 500 денари. Важни се и поените од двата резервни пара, кои важат во битката за првото место во Генералниот пласман.

Шампионот на крајот од четвртата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди во поени од СЛ маркетот на Sport Life за останатите четири прогнозери што ќе бидат пласирани во Топ-5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести