Премиерлигашите од утре ќе тренираат групно

Премиерлигашките клубови едногласно се согласија од утре да почнат со групни тренинзи, што е најава дека Англичаните се чекор поблиску до рестартирањето на сезоната. Сите 20 претставници го дале гласот на денешниот состанок откако презентираниот протокол бил согласно со мерките за заштита и против ширење на ковид-19.

Играчите, како и членовите на стручниот штаб и сите клупски работници, ќе мора да ги почитуваат мерките за социјална дистанца, додека тренинг со контакт уште не е дозволен. Останува само да се одреди конретен датум за продолжување на првенството, а според претходните најави, тоа е 12 јуни.

Њукасл е прв од премиерлигашите кој соопшти дека од утре ќе почне со групни тренинзи, а преку соопштение ги замоли фановите и медиумите да не доаѓаат во нивниот тренинг-комплекс.

 

- Оглас -

Најнови вести