Премиерлигашки очај, ниеден од шесте англиски тимови не победи во осминафиналето

Поразите на Манчестер сити и Челзи ја комплетираа немоќта на премиерлигашите во осминафиналето на Лигата на шампиоините од шесте англиски тимови, ниеден не победи на првите осминафинални дуели, а гол разликата им е 6-16.

Сити беше совладан од Реал Мадрид со 0-3, а Реал утна и пенал со кој дополнително ќе ги зголемеше маките на Граѓаните пред реваншот за шест дена. Јунак на Реал беше Федерико Валверде, со првиот хет-трик во кариерата.

Сините од Лондон се поразени од актуелниот европски првак ПСЖ со 2-5, па и тие ќе имаат тешка задача на реваншот. Челзи иаше 2-2 до 74-та минута, кога голманот Јоргенсен им подари гол на Светците и тоа како да го скрши англискиот тим, па Кварацхелија со два гола во финишот го уништи Челзи.

Супер предност од три гола освен Реал ќе има и Бодо/Глимт кој со идентични 3-0 го надигра Спортинг Лисабон. Норвешкиот тим е блиску до своето прво историско четвртфинале во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести