Премиер лигата ги крати странските тренери, со новото правило не би смееле да работат Бјелса и Солскјер

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе има силно влијание врз фудбалот во Англија, а според документ кој го објави „Дејли мејл“, Фудбалската асоцијација на Англија воведува нови правила според кои, Марсело Бјелса или Оле Гунар Солскјер не би можеле да работат во Премиер лигата.

Во документ има пет услови кои странските тренери мора да ги исполнат за да добијат работна дозвола. Главни услови се тренерот две години по ред да работел во клуб од Топ лигите во Европа или во тие лиги да работел барем во три од последните пет години.

Според овие услови, Бјелса од Лидс и Солскјер од Манчестер јунајтед не би можеле да водат тим од Премиер лигата. Солскјер дојде од Молде и не исполнува неколку од условите, додека Бјелса во 2017 година немал работа и со тоа не би ги исполнувал условите за работна дозвола. Единствен начин за странец да добие работа без исполнување на овие услови е пет години во низа да водел некоја репрезентација која константно била во Топ 50 на ранг-листата на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести