Преселби на напаѓачи: Мајорал од Реал во Рома, Брустер од Ливерпул во Шефилд

Талентираниот англиски напаѓач, Рајан Брустер, си замина од Ливерпул, и прејде во редовите на Шефилд јунајтед, за обештетување од 23,5 милиони фунти. Договорот со Шефилд му е на пет години. Ливерпул има опција да го купи во следните три години, или да добие 15 проценти од иден евентуален трансфер.

На Шефилд очајно му требаат голови, тимот уште нема погодено противничка мрежа во трите кола, можеби Брустер ќе им помогне да го решат проблемот.

Рома доби нов напаѓач, Шпанецот Борха Мајорал, кој никако да се скраси во Реал Мадрид, па Кралевите постојано го позајмуваат, бидејќи им е прекуброен. Во минатата сезона Мајорал играше со Енис Барди во Леванте, а сега е позајмен на две години во Рома, откако тренерот Зинедин Зидан реши да го задржи Лука Јовиќ како втора опција покрај Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести